КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА

    КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТАТрајановски доаѓа на место на Ејуп Рустеми од ДУИ, кој беше разрешен од функцијата на последната владина седница. (Фото: СДК.МК)

    Ексградоначалникот на Скопје Коце Трајановски е нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), потврдуваат од Владата. Трајановски доаѓа на место на Ејуп Рустеми од ДУИ кој беше разрешен од функцијата на последната владина седница што се одржа вчера.

    Трајановски беше градоначалник на Град Скопје во два мандата, Од 2009 до 2017, а претходно од 2005 до 2009 на Општина Гази Баба. На локалните изборите во 2017, како актуелен градоначалник на Скопје изгуби од кандидатот на СДСМ Петре Шилегов.

    На изборите во 2021, иако се споменуваше дека повторно ќе биде кандидат за градоначалник, ВМРО-ДПМНЕ ја кандидираше Данела Арсовска која е актуелна градоначалничка на Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира