ЛИДЕРОТ НА БРЕГЗИТ, НАЈЏЕЛ ФАРАЖ, ПРВПАТ ВЛЕЗЕ ВО БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ СТАНЕ ГЛАВНА ОПОЗИЦИЈА НА ЛАБУРИСТИТЕ

    ЛИДЕРОТ НА БРЕГЗИТ, НАЈЏЕЛ ФАРАЖ, ПРВПАТ ВЛЕЗЕ ВО БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ СТАНЕ ГЛАВНА ОПОЗИЦИЈА НА ЛАБУРИСТИТЕПочнувајќи од изборите во 1994, Фараж стана пратеник дури од осмиот обид (Фото: АП)

    Најџел Фараж, кој беше заштитно лице на кампањата за брегзит, првпат е избран за пратеник во британскиот парламент, откако неговата Реформска партија освои четири места на вчерашните избори.

    Ова е само првиот чекор кон нешто што сите ќе ве изненади. Има голема празнина во десниот центар во британската политика и јас планирам да ја пополнам“, изјави 60-годишниот Фараж, додавајќи дека овие избори се почеток на крајот на Конзервативната партија, која доживеа тежок пораз по 14 години на власт.

    Фараж најави дека планира неговата партија да стане главната опозиција на Лабуристите до следните избори.

    Мојот план е да изградам масовно национално движење во следните неколку години, кое, се надевам, ќе биде доволно големо за да настапи соодветно на следните избори во 2029. Оваа влада многу брзо ќе се најде во проблеми и отсега почнуваме да ги бркаме лабуристичките гласачи“, кажа Фараж.

    Почнувајќи од изборите во 1994, тој стана пратеник дури од осмиот обид, откако освои 46,2% гласови во својата изборна единица. Првично кажа дека нема да се кандидира, а откако се премисли, шансите на Реформската партија нагло пораснаа во анкетите.

    Како долгогодишен евроскептик, тој имаше клучна улога во кампањата која доведе до излегувањето на Велика Британија од ЕУ и остана контроверзна личност во британската политика. За време на изборната кампања кажа дека западот ја испровоцирал војната во Украина

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира