ПО НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ РАСКОШНИ ЗАБАВИ, ПОЧНУВА СВАДБАТА НА СИНОТ НА НАЈБОГАТИОТ АЗИЕЦ, ДОАЃААТ И КИМ КАРДАШИЈАН И МАЈК ТАЈСОН

    ПО НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ РАСКОШНИ ЗАБАВИ, ПОЧНУВА СВАДБАТА НА СИНОТ НА НАЈБОГАТИОТ АЗИЕЦ, ДОАЃААТ И КИМ КАРДАШИЈАН И МАЈК ТАЈСОНСцадбата на Анант Амбани и Радика Мерчант веќе се нарекува свадба на годината (Фото: АП)

    Во март, најбогатиот човек во Азија Мукеш Амбани организираше голема предбрачна забава за својот син, на која беа поканети 1.200 гости, вклучувајќи политичари, милијардери и светски и боливудски ѕвезди, а специјален настап имаше Ријана. Тоа беше само почетокот на неколкумесечните раскошни забави, па во мај семејството ги однесе гостите на тридневно крстарење од Франција до Италија, на кое ги забавуваа Дејвид Гета, Кејти Пери и Питбул. На последната ваква забава пееше Џастин Бибер.

    И конечно дојде денот на венчавката на Анант Амбани со неговата долгогодишна девојка Радика Мерчант, што веќе се нарекува свадба на годината. Главната венчавка ќе биде на 12 јули во Мумбај, следена од големиот прием два дена подоцна.

    Се очекува меѓу гостите да бидат Мајк Тајсон, Жан-Клод ван Дам, Тони Блер, Борис Џонсон, Ким Кардашијан и претседателот на „Самсунг“, Џеј Ли.

    Таткото на младоженецот е 66-годишнииот Мукеш Амбани, деветтиот најбогат човек на светот, со проценето богатство од 116 милијарди долари, според „Форбс“. Неговата компанија „Рилајенс индастрис“ е огромен конгломерат за нафта, петрохемија, гас, телекомуникации и трговија со годишен приход од 100 милијарди долари.

    Радика Мерчант е ќерка на фармацевтскиот тајкун Вирен Мерчант. Во едно интервју таа кажа дека се запознала со Анант преку заеднички пријатели во 2017 и помеѓу нив веднаш се развил посебен однос, па набргу почнале да ја планираат својата свадба.

    Ова е рамно на кралска венчавка и сите ќе добијат кралски третман. Нашите милијардери се новите индиски махараџи и нивните акционери не очекуваат ништо помалку од мегаекстраваганца“, изјави писателката и колумнистка Шоба Де.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира