Сѐ уште е активен пожарот што пред 4 дена започна во атарот на селото Пепелиште, Општина Неготино, а вчера околу 14.30 часот влезе на територија на Штип, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Загрозени се објекти во близина се патот Штип-Неготино, приватно ловиште „Лакавица – Патрик“, репетитори на мобилни оператори и имоти на граѓани.
Интервенирано на делот во општина Штип со екипа на Шумаско стопанство од 1 теренско возило и 4 вработени и 83 припадници на АРСМ и жители на Неготино кои продолжиле со гасење на пожарот.
Во текот на денот патниот правец Штип-Неготино беше затворен за сообраќај во 19:50 часот.
„Пожарот е активен и ќе продолжи да се гаси во текот на денешниот ден. Гори мешана шума, смреки и сува трева“, велат од ЦУК.
Денес на територија на цела држава има 9 активни пожари.