ТАРАВАРИ ГО ОТВОРИ БРОЈОТ 072/899-001 ЗА ПОПЛАКИ И СУГЕСТИИ ОД ГРАЃАНИТЕ

    ТАРАВАРИ ГО ОТВОРИ БРОЈОТ 072/899-001 ЗА ПОПЛАКИ И СУГЕСТИИ ОД ГРАЃАНИТЕКонцептот е насловен „Пријави кај министерот“, сличен на „Ало, Таравари“ кој тој го воведе кога беше министер во 2017. (Фото: К. Попов)

    Министерството за здравство го објави телефонскиот број 072/899-001 на кој граѓаните ќе можат да пријават проблеми и сугестии за работата на здравствените институции и персоналот.

    „Ова е директна врска меѓу граѓаните и министерот Арбен Таравари.
    Споделете ги вашите предлози за здравствена заштита, пријавете неправилности, препознајте одлични лекари и предложете идеи за реформи преку нашата посебна телефонска линија.Исто така, граѓаните имаат можност и за лична комуникација со министерот за време на отворениот ден, секоја среда од 13:30 до 16 часот“, вели Министерството.

    Концептот е насловен „Пријави кај министерот“, сличен на „Ало, Таравари“ кој тој го воведе кога беше министер во 2017.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира