Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство на барање на ЈП „Национални шуми“ од денеска воведува целосна забрана за движење во шуми кои се во надлежност на ова јавно претпријатие и ќе трае од 6 до 20 часот. Непочитувањето на оваа одлука ќе се санкционира со глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Забраната ќе трае сè додека не се оцени дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“.
Владата во саботата вечер прогласи кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена. Во моментов има 9 активни пожари низ земјава.
Т. ЈОВАНОВСКИ