ЧАМЕЦ СО ПЕТ ПАТНИЦИ УДРИЛ ВО ГОЛЕМА ПЛАСТИЧНА ЦЕВКА ШТО ПЛОВЕЛА НИЗ ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    ЧАМЕЦ СО ПЕТ ПАТНИЦИ УДРИЛ ВО ГОЛЕМА ПЛАСТИЧНА ЦЕВКА ШТО ПЛОВЕЛА НИЗ ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО, НЕМА ПОВРЕДЕНИОд ударот чамецот бил оштетен, а сите патници биле исфрлени во водата, но не се повредени. (Фото: СДК.МК)

    Моторен чамец со пет патници кој вчера пловел низ Преспанското Езеро удрил во пластична цевка со поголем профил која необележана пловела над водата, соопштија од СВР Битола. Од ударот чамецот бил оштетен, а сите патници биле исфрлени во водата, но не се повредени.

    Инцидентот се случил вчеравечер во 20,40 часот, на околу три километри од брегот во правец на туристичката населба Претор, а известена Охридската капетанија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира