ПОЖАР КАЈ РЕКРЕАТИВНАТА ЗОНА СМОЛЕВО ВО БИТОЛА

    ПОЖАР КАЈ РЕКРЕАТИВНАТА ЗОНА СМОЛЕВО ВО БИТОЛАГори во близина на новиот велосипедски парк кој беше направен ланИ. (Фото: СДК.МК)

    Пополаднево избувна нов пожар во Битола, во рекреативната зона Смолево над Тумбе кафе. Зафатена е мешовита шума, а огнот е во близина на манастирот „Свети Атанасиј“.

    Гори во близина на новиот велосипедски парк кој беше направен лани. Екипи на Битолската противпожана единица интервенираат на теренот.

    Во гаснењето се вклучија и од доброволното противпожарно друштво „Аргангел“ кое повика да му се придружат и други доброволци во акцијата за спас на Смолево. Ветерот го носи огнот кон село Буково, но пожарникарите доброволци велат дека постои и опасност од ветер во спротивен правец кон Националниот парк Пелистер.

    Изминатите три дена се водеше битка за да се изгасне пожарот на ридот над обиколницата, а откако тој беше ставен под контрола денес се појави нов.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира