Телата на брачна двојка која тргна на едрење низ Атлантскиот океан беа најдени на насукан сплав за спасување шест недели откако беа последен пат видени.
Британката Сара Пеквуд и нејзиниот канадски сопруг Брет Клибери изгледа дека ја напуштиле нивната јахта и загинале пред да стигнат нивните тела на брегот на островот Сејбл во Канада.
Двојката беше пријавена за исчезната на 18 јуни откако една недела претходно тргнаа од Канада со нивната 13-метарска еколошка јахта „Терос“. Нивниот план беше да стигнат до Азорите, оддалечени околу 3.228 километри.
Нејасно е како се случила трагедијата на трансатлантското патување, истрагата е во тек. Една теорија на истражителите е дека јахтата била удрена од транспортен брод чиј екипаж не го забележал судирот.
Во видео објавено на Јутјуб на 12 април, двојката објасни дека нивното патување ќе биде со едра, соларни панели, батерии и пренаменет мотор за електрични возила.
„Правиме се што можеме да покажеме дека може да се патува без користење фосилни горива“, кажа двојката.