ДАМЈАН ДАВКОВ ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА МАТЕМАТИЧКАТА ОЛИМПИЈАДА, ЈАН СТОЈАНОВСКИ СО ЗЛАТО НА ОЛИМПИЈАДАТА ПО ФИЗИКА, НЕМА ДРЖАВНА ПОДДРШКА ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ

    ДАМЈАН ДАВКОВ ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА МАТЕМАТИЧКАТА ОЛИМПИЈАДА, ЈАН СТОЈАНОВСКИ СО ЗЛАТО НА ОЛИМПИЈАДАТА ПО ФИЗИКА, НЕМА ДРЖАВНА ПОДДРШКА ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИЈан Стојановски го освои првиот златен медал за Македонија на 8. Европската олимпијада по физика која се одржува во Кутаиси, Грузија. (Друштво на физичари на Македонија)

    Средношколецот Дамјан Давков освои Златен медал на 65. Интернационална математичка олимпијада во Англија во Бат, Англија. Алексиј Тасиќ и Леонид Тодороски освоија бронзени медали, а Никола Цветаноски, Бранко Јангеловски и Ивано Божиновски освоија пофалници. Македонската репрезентација на олимпијадата ја водеа менторите Илија Јовчески од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје и Мирко Петрушевски од Машинскиот факултет во Скопје. Обајцата се членови на Сојузот на матемачарите на Македонија кои го организираат нашето учество на светскиот натпревар.

    Како што објави Умно.мк едномесечна сага ги следеше македонските средношколци-олимпијци кои годинава немаа никаква државна поддршка да заминат на светските натпревари. Сами си ги плаќаат билетите до земјите домаќини на натпреварите со одредена помош од донатори и помагачи. Умно.мк веќе три недели пишува дека ако државата не помогне, талантираните ученици само ќе треба да го поднесат трошокот. Во меѓувреме се отворија повици за донации.

    Матурантот Јан Стојановски го освои првиот златен медал за Македонија на 8. Европската олимпијада по физика која се одржува во Кутаиси, Грузија.

    „Честитки за Јан. Не се сомневавме дека ќе го донесе првото историско злато од оваа олимпијада, имајќи ги предвид неговото знаење од физика како и досегашните освоени награди на олимпијадите по физика: сребрен медал на 7. Европска олимпијада по физика минатата година во Хановер, Германија, бронзениот медал на 53. Меѓународна олимпијада по физика одржана во Токио, Јапонија во 2023 година и златниот медал на 5. Балканска олимпијада по физика одржана во Никозија, Кипар во 2022 година. Радувај се Македонијо“, соопшти Друштвото на физичарите на Република Македонија кое го организира македонското претставување на престижниот натпревар.

    Министерството за образование и наука  (МОН) ги акредитира научните здруженија да ги подготвуваат учениците за светските натпревари, им овозможува парични награди на учениците ако освојат медали, ама нема решение како тие ќе стигнат со далечните земји за да освојат медали. Едноставно, Законот за средно образоваие не ја предвидува оваа ставка и непрофитните здруженија секоја година мака мачат да обезбедат пари за авиобилети.

    Годинава претседателите на научните здруженија, сите универзитетски професори, испратија писма со апел за помош до кабинетите на министерката за образование и наука, претседателката и до премиерот. Им се обратија како на универзитетски колеги, надевајќи се дека ќе ги разберат. Времето беше кусо бидејќи Владата тукушто беше изгласана, новите министри ги преземаа ресорите. Ги прими државниот секретар во МОН и им го повтори истотото што го слушаат со години: Законот за средно не предвидува финансиска помош, а тоа ќе се смени со новиот закон. МОН испрати писма до стопанските комори за бизнис заедницата да им помогне на учениците, но тоа не донесе очекувани резултати.

    „Врвна забуна направи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која во телевизсико гостување рече дека го одбила францускиот претседател Емануел Макрон да присуствува на отворањето на Летните олимписки игри во Париз. Како да оди во Париз кога нашите ученици-олимпијци нема како да стигнат до земјите каде се одржуваат научните олимпијадите?! Но, го изостави фактот дека нејзината одлука е исклучиво етичка, па јавноста сфати дека постои буџет кој е пренаменет за учениците и дека проблемот е решен. По повикот за донации се јавија фирми и поединци да ги спонзорираат талентираните ученици, но тоа е дел од вкупниот трошок. Така, најголемиот товар падна на семејствата кои покрај патните трошоци ги финансираат и котизациите за Македонија на некои олимпијади. Некои родителите можат да ги поднесат трошоците, но за некои е голем товар, позајмуваат пари, земаат кредити“, пишува Умно.мк.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира