КАМАЛА ХАРИС ПОВЕДЕ ВО ПРЕДИЗБОРНИТЕ АНКЕТИ ОТКАКО ЈА ПОЧНА КАМПАЊАТА

    КАМАЛА ХАРИС ПОВЕДЕ ВО ПРЕДИЗБОРНИТЕ АНКЕТИ ОТКАКО ЈА ПОЧНА КАМПАЊАТАХарис го одржа својот прв митинг, при што ги опиша изборите како избор помеѓу бивша обвинителка и осуден престпаник (Фото: АП)

    Камала Харис поведе во предизборните анкети откако ја почна својата кампања по повлекувањето на Џо Бајден во неделата. Нова национална анкета, спроведена од „Ројтерс“ и „Ипсос“ завчера и вчера, покажа дека Харис има поддршка од 44% гласачи, наспроти 42% за Доналд Трамп.

    Ова следува по Националната републиканска конвенција, на која Трамп и формално ја прифати номинацијата на својата партија и повлекувањето на Бајден, при што ѝ даде полна поддршка на Харис. Пред овие настани, Бајден заостануваше во анкетите за 2%.

    Иако сѐ уште официјално не е потврдена за кандидат на Демократската партија, Харис го одржа својот прв митинг во Висконсин, каде што ги опиша ноемвриските избори како избор помеѓу бивша обвинителка и осуден престпаник. Таа притоа го спореди својот републикански противник со измамниците што ги има гонето.

    Трамп ѝ возврати со анкета која вели дека таа е најнепопуларниот потпретседател во историјата на САД.

    Таа е радикална левичарка која уништува сѐ што ќе допре. На оваа земја не ѝ треба таква личност“, кажа Трамп.

    Харис премина во офанзива против Трамп откако обезбеди поддршка од мнозинство демократски делегати за да биде номинирана за претседател. Нејзината кампања за само 36 часа собра донации од 100 милиони долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира