БИВШИОТ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ НАЗИМ БУШИ ЌЕ ДОБИЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА ЗАШТО ВО ИЗБОРЕН ПЕРИОД ПОТПИШАЛ 189 РЕШЕНИЈА ВО МВР

    БИВШИОТ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ НАЗИМ БУШИ ЌЕ ДОБИЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА ЗАШТО ВО ИЗБОРЕН ПЕРИОД ПОТПИШАЛ 189 РЕШЕНИЈА ВО МВРБуши според ДКСК го повредил Изборниот законик, за што кривично се одговара (Фото:Фејсбук)

    Антикорупциската комисија ќе го пријави пред надлежен орган доскорешниот заменик-министер за внатрешни работи Назим Буши затоа што во вакуумот до изгласувањето на новата Влада, односно новиот министер за внатрешни работи, тој потпишал дури 189 решенија за прераспоредување на вработени во Министерството, а периодот за новите решенија се смета како време на избори.

    Буши според ДКСК го повредил Изборниот законик, за што кривично се одговара.

    На 28.6.2024 година до Комисијата дошла претставка од подносител, кој го пријавил Буши дека го повредил членот 34 став 1 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и членот 8 став 1 од Изборниот законик.

    Од тие 189 решенија што ги потпишал во тој период, 98 се за хоризонтално распоредување на вработените во МВР, а 68 биле за унапредување кои имаат финансиски импликации врз буџетот на Министерството. Потпишал и 23 решенија со кои деградирал на пониска плата исто толку вработени.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира