СЕ ПОВЛЕКОВ ЗА ДА МОЖЕ НОВА ГЕНЕРАЦИЈА ДА ЈА БРАНИ ДЕМОКРАТИЈАТА, КАЖА БАЈДЕН ВО ОБРАЌАЊЕТО НА НАЦИЈАТА

    СЕ ПОВЛЕКОВ ЗА ДА МОЖЕ НОВА ГЕНЕРАЦИЈА ДА ЈА БРАНИ ДЕМОКРАТИЈАТА, КАЖА БАЈДЕН ВО ОБРАЌАЊЕТО НА НАЦИЈАТАБајден најави дека ќе го одработи својот мандат до јануари 2025 (Фото: АП)

    Џо Бајден ѝ се обрати на нацијата првпат откако во неделата објави дека се повлекува од изборната трка, велејќи дека го направил тоа зашто е загрижен за иднината на американската демократија. Тој кажа дека се повлекол за да ѝ овозможи на нова генерација да го преземе факелот.

    И покрај повиците од републиканците веднаш да поднесе оставка, Бајден најави дека ќе го одработи својот мандат до јануари 2025.

    Ја почитувам оваа функција, но уште повеќе си ја сакам земјата“, изјави Бајден во 11-минутното обраќање од Белата куќа.

    Тој одлучи да се повлече откако со недели беше изложен на силен притисок и од своите сопартијци, што почна по лошата дебата со Доналд Трамп минатиот месец.

    Одлучив дека најдобриот начин да се оди напред е да се предаде факелот на нова генерација. Тоа е најдобриот начин да се обедини нацијата“, кажа Бајден и ја пофали Камала Харис, која по неговата поддршка веднаш ја почна својата кампања.

    Таа е цврста и способна и ми беше неверојатен партнер“.

    Без да го спомне Доналд Трамп, Бајден навести дека Американците ќе се соочат со голема опасност ако тој победи на изборите на 5 ноември.

    Ништо не смее да застане на патот на спасот на демократијата, а најмалку лични амбиции. Најважната работа во врска со Америка е што тука на владеат кралеви и диктатори, туку луѓе“, порача Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира