ЕКОЛОШКИ АКТИВИСТИ СЕ ЗАЛЕПИЈА НА ПИСТАТА И ПРИВРЕМЕНО ГО БЛОКИРАА АЕРОДРОМОТ ВО ФРАНКФУРТ, НАЈАВУВААТ НОВИ СЛИЧНИ АКЦИИ

    ЕКОЛОШКИ АКТИВИСТИ СЕ ЗАЛЕПИЈА НА ПИСТАТА И ПРИВРЕМЕНО ГО БЛОКИРАА АЕРОДРОМОТ ВО ФРАНКФУРТ, НАЈАВУВААТ НОВИ СЛИЧНИ АКЦИИДемонстрантите успеаја да се пробијат низ жичената ограда и да влезат на аеродромскиот простор (Фото: АП)

    Аеродромот во Франкфурт, кој е еден од најпрометните во Европа, привремено ги запре сите летови денеска откако климатските активисти се залепија на пистата, протестирајќи против употребата на фосилните горива.

    Властите на аеродромот, низ кој лани поминале 60 милиони патници, им препорачаа на патниците да не доаѓаат, додека на сајтот беше објавено дека повеќе од 100 летови се откажани или пренасочени. Слична акција вчера беше изведена на аеродромот во Келн, шестиот по големина во Германија.

    Еден активист изјави дека демонстрантите во Франкфурт успеале да се пробијат низ жичената ограда и да влезат на аеродромскиот простор, поради што германските политичари денеска побараа да се зголеми заштитата на аеродромите во земјата. Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер ги опиша блокадите како опасни, глупави и криминални.

    Активистите кажаа дека овие блокади се само почеток на нивната кампања против фосилните горива и најавија дека во следните недели ќе има нарушувања во повеќе земји во Европа и Северна Америка. Слични обиди биле спречени на аеродроми во Лондон, Цирих, Виена и Осло.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира