ЗАПАДОТ ЈА ГУБИ МОЌТА, А УКРАИНА НИКОГАШ НЕМА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ И НАТО, КАЖА ОРБАН

    ЗАПАДОТ ЈА ГУБИ МОЌТА, А УКРАИНА НИКОГАШ НЕМА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ И НАТО, КАЖА ОРБАНОрбан предвиде дека ќе дојде до поместување на глобалната моќ од западот кон Азија и Русија (Фото: Гети)

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека водството на Русија е хиперрационално и дека Украина никогаш нема да успее да стане членка на НАТО и ЕУ. Зборувајќи на фестивал на етнички Унгарци во пограничниот романски град Бајле Тушнад, Орбан предвиде дека ќе дојде до поместување на глобалната моќ од „ирационалниот“ запад кон Азија и Русија.

    Западот ја губи моќта. Во следните децении, можеби и векови, Азија ќе биде доминантниот центар на светот. А, ние западњаците ја туркаме Русија во тој блок“, кажа Орбан, спомнувајќи ги Кина, Индија, Пакистан и Индонезија како идни големи светски сили.

    За разлика од остатокот на ЕУ, Унгарија под Орбан се залага за поблиски врски со Русија и Кина.

    За разлика од слабоста на западот, позицијата на Русија во светските работи е рационална и предвидлива. Таа покажа економска флексибилност и се прилагоди на западните санкции воведени по анексијата на Крим во 2014“, кажа Орбан.

    Тој смета дека Украина никогаш нема да стане членка на ЕУ и НАТО зашто Европејците немаат пари за тоа.

    Европската Унија мора да се откаже од својот идентитет како политички проект и да стане економски и одбранбен проект“, порача тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира