АКО ПОБЕДАМ НА ИЗБОРИТЕ, ХРИСТИЈАНИТЕ ВЕЌЕ НИКОГАШ НЕМА ДА МОРА ДА ГЛАСААТ, КАЖА ТРАМП

    АКО ПОБЕДАМ НА ИЗБОРИТЕ, ХРИСТИЈАНИТЕ ВЕЌЕ НИКОГАШ НЕМА ДА МОРА ДА ГЛАСААТ, КАЖА ТРАМПВо оваа предизборна кампања, демократските противници го обвинуваа Трамп дека е закана за демократијата (Фото: АП)

    Доналд Трамп порача дека христијаните нема да мора да гласаат за четири години ако тој победи на претстојните претседателски избори во САД.

    Ќе го средиме тоа толку добро што веќе нема да мора да гласате“, изјави Трамп на конзервативен настан во Вест Палм Бич во Флорида.

    Нејасно е што Трамп сакал да каже со тоа. Во оваа предизборна кампања, демократските противници го обвинуваа Трамп дека е закана за демократијата.

    Христијани, излезете и гласајте, само овојпат! Веќе нема да мора да го правите тоа. Уште четири години и потоа ќе го средиме тоа толку добро што нема да треба да гласате повторно. Ве сакам христијани, излезете и гласајте“, кажа Трамп.

    Портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг, не ги разјасни директно неговите забелешки.

    Трамп збореше за обединувањето на земјата“, кажа Чеунг.

    Во интервјуто за „Фокс њуз“ дадено во декември, Трамп кажа дека нема да биде диктатор ако победи на изборите, освен на еден ден, за да ја затвори границата со Мексико и да го прошири дупчењето нафта.

    Ако победи на изборите, Трамп нема да може да се кандидира повторно бидејќи уставот ги ограничува претседателите на само два мандата, но во една прилика тој се повика на Франклин Рузвелт, единствениот кој служел повеќе од два мандата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира