ПОЛИТИЧКИОТ ЛИДЕР НА ХАМАС, ИСМАИЛ ХАНИЕ, УБИЕН ВО ТЕХЕРАН

    ПОЛИТИЧКИОТ ЛИДЕР НА ХАМАС, ИСМАИЛ ХАНИЕ, УБИЕН ВО ТЕХЕРАНХание беше еден од најугледните членови на Хамас од 1980-тите и важеше за негов главен лидер (Фото: АП)

    Политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Хание, е убиен утрово во Техеран, потврди палестинската милитантна група, што би можело да ги искомплицира напорите за постигнување примирје во Газа и да доведе до влошување на конфликтот. И Иранската револуционерна група ја потврди смртта на Хание, неколку часа откако тој присуствуваше на инаугурацијата на новиот ирански претседател Пезешкијан и кажа дека покренала истрага.

    Детали за нападот не се познати, но Хамас кажа дека Хание бил убиен во неговата резиденција во Техеран заедно со неговиот телохранител и го обвини Израел.

    Израел досега не го коментираше нападот, додека израелската војска кажа дека спроведува проценка на ситуацијата, но не издаде нови безбедносни насоки за цивилите.

    Веста за смртта на Хание доаѓа неполни 24 часа откако Израел изведе ракетен напад врз Бејрут, тврдејќи дека притоа бил убиен високиот заповедник на Хезболах, Фуад Шукур.

    Хание беше еден од најугледните членови на Хамас од 1980-тите и важеше за негов главен лидер. Тој кратко беше премиер на Палестина во 2006 и 2007, а за шеф на политичкото биро на Хамас беше избран во 2017. Следната година Вашингтон го означи како терорист. Во изминатите години живееше во Катар.

    Убиството на Хание од израелските окупатори претставува смртоносна ескалација чија цел е да се скрши волјата на Хамас. Ќе продолжиме по неговиот пат“, изјави високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира