НОВИНАР, ПЛАТЕН УБИЕЦ И ДИСИДЕНТИ ОСЛОБОДЕНИ ВО ГОЛЕМА РАЗМЕНА НА ЗАТВОРЕНИЦИ ПОМЕЃУ САД, РУСИЈА И ГЕРМАНИЈА

    НОВИНАР, ПЛАТЕН УБИЕЦ И ДИСИДЕНТИ ОСЛОБОДЕНИ ВО ГОЛЕМА РАЗМЕНА НА ЗАТВОРЕНИЦИ ПОМЕЃУ САД, РУСИЈА И ГЕРМАНИЈАВо САД ќе бидат префрлени тројца затвореници, меѓу кои и новинарот Пол Гершкович (Фото. АП)

    Американскиот новинар Пол Гершкович и рускиот убиец Вадим Красиков се меѓу 26-темина затвореници од САД, Русија, Германија, Полска, Словенија, Норвешка и Белорусија кои се ослободени во голема размена на затвореници помеѓу западот и истокот, објави турското претседателство. Оттаму кажаа дека десетмина затвореници се префрлени во Русија, 13-мина во Германија и тројца во САД.

    Турското разузнавање објави дека координирало голема размена на затвореници помеѓу Русија и Белорусија од една и западните земји од другата страна.

    Нашата организација одигра голема посредничка улога во оваа операција, која е најобемна во последно време“, објави Националната разузнавачка агенција на Турција.

    Кремљ и Белата куќа засега не излегоа со коментар, но сајтот за следење авионски летови „Флајтрадар“ објави дека специјален руски владин авион кој досега се користел при размени одлетал од Москва за руската енклава Калининград, пред да се врати назад.

    Некогашниот американски маринец Пол Велан и руските опозиционери Олег Орлов и Владимир Кара-Мурза, за кои се верува дека се вклучени во размената, наеднаш исчезнаа од руските затвори деновиве. Најмалку седуммина руски дисиденти ненадејно биле преместени од нивните затвори.  Истовремено, од затворската база на податоци во САД исчезнале четворица руски државјани.

    Дел од размената е и полковникот на руската Федерална служба за безбедност Вадим Красиков, кој беше осуден на доживотен затвор во Германија во 2019 поради убиството на чеченски дисидент со грузиско потекло.

    Словенија ослободи двајца Руси кои признаа дека делувале како шпиони во земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира