ПИТАЧИ ИМА И КАЈ ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ВЕЛЕС, АМА ПОЛИЦИЈАТА И СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЖБИ НЕ МОЖАТ ДА ГИ ВИДАТ

    ПИТАЧИ ИМА И КАЈ ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ВЕЛЕС, АМА ПОЛИЦИЈАТА И СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЖБИ НЕ МОЖАТ ДА ГИ ВИДАТДеца што просат постојано има на семафорите многу близу до Полициската станица. (Фото: СДК.МК)

    Питачите во Велес се невидливи за полицијата и вработените од Центарот за социјални грижи. Секогаш кога овие две институции тргнувале во акција за спречување и санкционирање на питачењето во Велес, не биле во можност да ги пронајдат лицата, поточно децата кои питачат, иако тие се секојдневна појава во градот. Најчесто питачат на семафорите, мошне близу до Полициската станица.

    „На семафорите ги има постојано. Низ градот гледаме татко со дете кое постојано спие во прегратки и прашање е дали не е под некакви опијати, просат пари. Сите ги гледаме освен полицијата и вработените од Центарот за социјални грижи, за нив се невидливи“, велат велешани.

    Ова прашање од страна на советниците му беше поставено и на командариот на Полициската станица Велес, Александар Костов.

    „Питачењото на сите ни пречи. Има направен посебен план, на државно ниво, каде нашите инспектори за малолетничка деликвенција заедно со службите од Центарот за социјална работа излегуваат на терен, еднаш неделно. И досега не е најден ниту еден случај на питачање. Секоја недела се спроведува таква акциска контрола и досега не е констатирано питачење“, рече Костов.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира