ИСЧЕЗНАТОТО 14-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД ИЛИНДЕН ПРОНАЈДЕНО НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ

    ИСЧЕЗНАТОТО 14-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД ИЛИНДЕН ПРОНАЈДЕНО НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕДевојчето е пронајдено и ќе биде предадено на родителот. (Фото: Фејсбук)

    На Железничката станица во Скопје полициски службеници ја пронајдоа малолетничката што беше пријавена дека се оддалечила од домот во Скопје, соопшти МВР.

    „Денеска околу 12.50 часот на Железничката станица во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа К. Р. (14), за која од страна на нејзината мајка И. Т. (33) од н. Илинден, Скопје, на 02.08.2024 околу 23.45 часот беше пријавено дека по претходна расправија, се оддалечила од домот“, вели МВР.

    Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Скопје и девојчето е пронајдено и ќе биде предадено на родителот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира