МНР ГИ ПОВИКА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ДА ЗАМИНАТ ОД ЛИБАН И ДА НЕ ПАТУВААТ ВО ИЗРАЕЛ ПОРАДИ ВЛОШЕНА БЕЗБЕДНОСНА СОСТОЈБА

    МНР ГИ ПОВИКА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ДА ЗАМИНАТ ОД ЛИБАН И ДА НЕ ПАТУВААТ ВО ИЗРАЕЛ ПОРАДИ ВЛОШЕНА БЕЗБЕДНОСНА СОСТОЈБАРегионалната тензија на Блискиот Исток се зголеми по атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран на 31 јули, еден ден откако израелски напад во Бејрут го уби Фуад Шукр, висок воен командант на либанската вооружена група Хезболах. (Фото: АП)

    Министерството за надворешни работи (МНР) ги повика сите макеоднски државјани кои се наоѓаат во Либан да ја напуштат земјата во првата можна прилика, поради влошенета безбедносна ситуација.

    „Имајќи ја предвид непредвидливата безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до граѓаните да ги одложат патувањата кои не се неопходни кон Израел. Дополнително, македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел, да ги следат упатствата на националните безбедносни власти и во зависност од потребата и динамиката на безбедносната ситуација, да го напуштат Израел“, соопшти МНР.

    Од МНР велат дека ќе продолжат да ги следа состојбите во Либан, Израел и регионот и навремено да ги информираат мкеоднските државјани за евентуални насоки за постапување. За повеќе информации, на располагање се СОС дежурните телефони на МНР 075/ 273- 732 и 075/ 268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378.

    Регионалната тензија на Блискиот Исток се зголеми по атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран на 31 јули, еден ден откако израелски напад во Бејрут го уби Фуад Шукр, висок воен командант на либанската вооружена група Хезболах. И Хамас и Иран го обвинија Израел дека го извршил атентатот на Ханија и ветија дека ќе возвратат. Израел ниту ја презеде ниту ја отфрли одговорноста за смртта. Хезболах, како и Хамас, е поддржан од Иран и исто така вети одмазда по убиството на Шукр.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира