БРИТАНСКАТА ВЛАДА НАЈАВИ ЖЕСТОК ОДГОВОР НА НЕРЕДИТЕ НИЗ ЗЕМЈАТА, ВО КОИ БЕШЕ НАПАДНАТ ХОТЕЛ ЗА ИМИГРАНТИ

    БРИТАНСКАТА ВЛАДА НАЈАВИ ЖЕСТОК ОДГОВОР НА НЕРЕДИТЕ НИЗ ЗЕМЈАТА, ВО КОИ БЕШЕ НАПАДНАТ ХОТЕЛ ЗА ИМИГРАНТИНасилствата почнаа откако три деца беа убиени во Саутпорт минатата недела (Фото: АП)

    Британската влада денеска ќе одржи вонредна седница за да одлучи како да се одговори на насилните протести во земјата, на кои што викендов беа уапсени повеќе од 150 луѓе. Ова доаѓа откако премиерот Кир Стармер го осуди нападот врз хотел за сместување баратели на азил во Ротерхем и вети дека оние кои се вклучени во нередите ќе се соочат со полната сила на законот.

    Полицијата вчера одговори на протести во Ротерхем, Мидлзбро, Болтон, Белфаст и други места во Велика Британија, што беше шести ден насилства, кои почнаа откако три деца беа убиени во Саутпорт минатата недела.

    За време на вчерашното ТВ-обраќање, Стармер порача дека оние кои зеле учество во нередите ќе зажалат.

    Луѓето во оваа земја имаат право да бидат безбедни, но сепак гледаме напади врз муслиманската заедница и џамиите. Нацистички поздрави, расистичка реторика, напади врз полицијата, ова не е ништо друго освен крајнодесничарско силеџиство“, кажа Стармер.

    Владата кажа дека џамиите ќе добијат засилено обезбедување.

    Најмалку десетмина полицајци беа повредени во судирите со антиимиграциските демонстранти во Ротерхем, кои притоа упаднаа во хотел за имигранти и подметнаа пожар. Ваков напад синоќа имаше и во градот Темворт, при што еден полицаец беше повреден. Насилства и палежи имаше и во други градови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира