ПАРИ, СТАН И ДОЖИВОТНИ БЕСПЛАТНИ БУРГЕРИ И СУПИ ЗА ДВОКРАТНИОТ ОЛИМПИСКИ ПРВАК ОД ФИЛИПИНИ, КАРЛОС ЈУЛО

    ПАРИ, СТАН И ДОЖИВОТНИ БЕСПЛАТНИ БУРГЕРИ И СУПИ ЗА ДВОКРАТНИОТ ОЛИМПИСКИ ПРВАК ОД ФИЛИПИНИ, КАРЛОС ЈУЛОЈуло во саботата стана вториот олимписки шампион од Филипини, а потоа освои уште едно злато (Фото: Шатерсток)

    Филипинскиот гимнастичар Карлос Јуло го освои второто злато на Олимписките игри во Париз, што беше прославено низ целата земја, а на него му беа ветени разни подароци, од пари и нов стан до доживотно снабдување со бургери.

    Јуло во саботата стана вториот олимписки шампион од Филипини, по Хидилин Дијаз во кревање товар во 2021, кога славеше во дисциплината вежби на партер, а вчера освои уште едно злато, во прескок.

    „Нема зборови кои можат да изразат колку сме горди. Филипинците низ целиот свет се обединија за да навиваат за тебе“, напиша претседателот Фернандо Маркос на Икс.

    Јуло од државата ќе добие 52.000 долари и медал, како и над 173.000 долари според закон кој ветува стимулации за спортистите. И приватниот сектор и локални брендови ќе го наградат Јуло. Тој ќе добие целосно опремен трисобен стан во околината на Манила, а неколку ланци на ресторани кажаа дека доживотно ќе може кај нив да јаде бургери, супа рамен и инасал, јадење со пилешко.

    Фотограф за свадби му вети бесплатна 24-часовна услуга, а една фирма му понуди доживотни футроли за телефон. Еден филипински лекар му вети бесплатни прегледи и ендоскопски процедури откако ќе наполни 45 години. На Јуло во исто време му беа понудени и спонзорски договори.

    Филипини дебитираше на ОИ во 1924, но на првото злато чекаше речиси цел век.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира