Бугарија ќе оди на седми парламентарни избори од 2021, објави претседателот Румен Радев, што дополнително би можело да го загрози можниот влез на земјата во еврозоната.
Последните избори, кои се одржаа во јуни паралелно со гласањето за Европскиот парламент, не дадоа јасен победник откако ниедна партија или коалиција во изминатите години не успеа да формира стабилна влада.
На три политички партии им беше понудено да формираат влада по последните избори, на кои победи ГЕРБ на Бојко Борисов, но ниедна не успеа да добие поддршка во парламентот.
Најсиромашната членка на ЕУ се соочува со политичка нестабилност од 2020, кога премиерот Борисов поднесе оставка среде големите протести против корупцијата и влијанието на мафијата и олигарсите врз владините институции.
Се очекува следните избори да се одржат во октомври