19-ГОДИШНИОТ МУХАМЕД ПО ПОТЕКЛО ОД МАКЕДОНИЈА Е ПРВООСОМНИЧЕН ЗА ПЛАНИРАЊЕ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА КОНЦЕРТИТЕ НА ТЕЈЛОР СВИФТ ВО ВИЕНА, БИЛ ВО КОНТАКТ СО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА СТАДИОНОТ

    19-ГОДИШНИОТ МУХАМЕД ПО ПОТЕКЛО ОД МАКЕДОНИЈА Е ПРВООСОМНИЧЕН ЗА ПЛАНИРАЊЕ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА КОНЦЕРТИТЕ НА ТЕЈЛОР СВИФТ ВО ВИЕНА, БИЛ ВО КОНТАКТ СО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА СТАДИОНОТВластите велат дека има и други осомничени и дека истрагата е далеку од завршена. - Полициски возила во центарот на Виена (Фото: СДК.МК)

    Австриската полиција објави дека еден од уапсените за планирање терористички напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена бил во контакт со обезбедувањето на стадионот „Ернст Хапел“, каде што поп-ѕвездата требаше да настапи денеска, утре и в сабота. Концертите вчера беа откажани поради сериозни безбедносни закани, што уследи по апсењето на вкупно тројца австриски државјани на возраст од 15, 17 и 19 години.

    Весникот „Кронен цајтунг“ објави дека 19-годишниот Мухамед имал потекло од Македонија и властите го следеле подолго време.

    Реагиравме по дојава од странските служби, во комбинација со наодите на нашиот Директорат за државна безбедност и разузнавање. Има и други осомничени, истрагата е далеку од завршена“, изјави генералниот директор за јавна безбедност на Австрија, Франц Руф.

    На секој концерт на Свифт се очекуваа по 68.000 фанови, плус 22.000 надвор од стадионот „Ернст Хапел“.

    Според Руф, првоосомничен е 19-годишниот Мухамед, кој бил уапсен во неговиот дом во градот Терниц во Долна Австрија, каде што се подготвувал напад. При претресот биле пронајдени хемиски супстанци и технички уреди, кои сега се испитуваат. Тој рекол дека хемикалиите ги украл од својот поранешен работодавач.

    Руф кажа и дека Мухамед пред неколку недели објавил видео на ТикТок во кое ѝ дава заклетва на Исламска држава.

    Момчето секогаш беше пријателски расположено, а семејството многу фино“, изјави една сосетка на Мухамед.

    На 2 ноември 2020, терористот кој го изврши нападот во срцето на Виена во кој загинаа четири лица беше Австриец по потекло од тетовското село Челопек. Австриската полиција го идентификуваше како 20-годишниот Кујтим Фејзулаи, роден во Виена, кој имал и австриско и македонско државјанство, чии родители се со потекло од Челопек. Тој никогаш не бил во Македонија. Полицијата кажа дека бил симпатизер на Исламска држава, кој одлежал неколку месеци затвор во 2019 за обидот да замине да се бори во Сирија. Полицијата потврди дека Фејзулаи предвреме бил пуштен од затвор откако поминал низ процес на дерадикализација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира