НОВ ШУМСКИ ПОЖАР НА РИДОТ КРКАРДАШ ВО БИТОЛА

    НОВ ШУМСКИ ПОЖАР НА РИДОТ КРКАРДАШ ВО БИТОЛАОбласта е рекреативна зона за битолчани, но честопати недозволено се фрла смет и се јавуваат диви депонии. (Фото: СДК.МК)

    Пожар изби попладнево на ридот Кркардаш над Битола, во близина на манастирот „Свети 40 маченици“. Огнот освен нискостеблеста вегетација, зафати и борова шума која е останата во мал дел, зашто поголемата шумска површина изгоре во пожарите изминатите години. Гори во близина на населените куќи од населбата Баир.

    Овој дел на Битола скоро и да нема лето да помине без пожар. Областа е рекреативна зона за битолчани, но честопати недозволено се фрла смет и се јавуваат диви депонии.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира