АКТИВЕН E ПОЖАРОТ НА ГАЛИЧИЦА ВО ПРЕСПАНСКО КОЈ СЕ ПРЕФРЛИ ОД АЛБАНСКАТА СТРАНА

    АКТИВЕН E ПОЖАРОТ НА ГАЛИЧИЦА ВО ПРЕСПАНСКО КОЈ СЕ ПРЕФРЛИ ОД АЛБАНСКАТА СТРАНАПожарот веќе три пати беше изгаснат изминатите денови, но се враќа од албанска тертиторија. (Фото: СДК.МК)

    Со воздухоплови ќе се гасне пожарот на Галичица од преспанска страна на планината кој на наша територија се префрли од Албанија, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Пожарот веќе три пати беше изгаснат изминатите денови, но се враќа од албанска тертиторија.

    „Се реактивираше пожарот на планината Галичица и сè уште е активен. На наша територија навлезе од Албанија. Кракот се спушта од врвот Магаро кон населбата Стење од преспанска страна. Овде ќе дејствуваме и со воздухоплови, но се гаси и од земја. Имаме 12 припадници на Националниот парк кои активно се вклучени во акцијата за гаснење поддржани со 4 пожарникари. Гори нискостеблеста шума и трева“, изјави Ангелов.

    Во Битолско, пожар избувна и на територија на Општина Новаци каде гаснат двајца локални пожарникари помогнати од 9 вработени од Национални шуми.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира