КАМПАЊАТА НА ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА Е ХАКИРАНА ОД ИРАНСКИ ОПЕРАТИВЦИ

    КАМПАЊАТА НА ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА Е ХАКИРАНА ОД ИРАНСКИ ОПЕРАТИВЦИВо соопштение, Мајкрософт кажа дека ирански хакери нападнале кампања на неименуван кандидат за американски претседател во јуни. - Митинг на Трамп и Венс во Монтана (Фото: Трут Соушл)

    Кампањата на Доналд Трамп вели дека дел се хакирани дел од нивните интерни комуникации и сугерира дека зад нападот стојат ирански оперативци.

    Американски „Политико“ во саботата вечер објави дека по електронска пошта добил документи од кампањата, вклучувајќи интерно истражување, спроведено за кандидатот за потпретседател Џеј Ди Венс.

    „Овие документи се стекнати илегално од странски извори непријателски настроени кон САД, со намера да се влијае на изборите 2024“, кажа портпарол на кампањата.

    Кампањата не даде понатамошни детали или какви било докази кои поврзуваат ирански хакери или иранската влада со протечените документи.

    Во соопштение, ден претходно, Мајкрософт кажа дека ирански хакери нападнале кампања на неименуван кандидат за американски претседател во јуни.

    Портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг, кажа дека хакерскиот напад од јуни споменат од Мајкрософт коинцидира со изборот на Трамп на Џеј Ди Венс за кандидат за потпретседател.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира