ЗА УБИСТВОТО ПРЕД „МАВРОВКА“ И ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО ВРЗ СОПРУГАТА НА УБИЕНИОТ ОСОМНИЧЕНО Е САМО ЕДНО ЛИЦЕ, ВТОРОТО МВР НЕ МОЖЕ ДА ГО ИДЕНТИФИКУВА, ТРЕТОТО УШТЕ ГО БАРА

    ЗА УБИСТВОТО ПРЕД „МАВРОВКА“ И ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО ВРЗ СОПРУГАТА НА УБИЕНИОТ ОСОМНИЧЕНО Е САМО ЕДНО ЛИЦЕ, ВТОРОТО МВР НЕ МОЖЕ ДА ГО ИДЕНТИФИКУВА, ТРЕТОТО УШТЕ ГО БАРАУбиството и грабежот биле изведени со две коли. (Фото:К.Попов)

    По поднесена од кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице, Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истрага против осомничениот за едно Убиство по член 123 став 2 во врска со став 1 точка 4, за Убиство во обид по член 123 во врска со член 19 и за кривично дело, за убиството што се случи вчера претпладне на паркингот до ТЦ „Мавровка“ во Скопје. Осомничениот ќе одговара и за Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    „На 20 август, со пиштол марка ‘глок’ со калибар 9 милиметри, што го поседувал без дозвола, осомничениот на паркинг-просторот на улицата ‘Филип Втори Македонски’ во Скопје, позади трговскиот центар ‘Мавровка’, со умисла и од користољубие лишил од живот едно лице, по што од сопругата на жртвата одзел торба со лаптоп и избегал со автомобил ‘ауди’ без регистарски ознаки. На местото пристигнало и второ возило ‘цитроен’ со белгиски регистарски ознаки, од кое излегло засега непознато лице, од багажникот на автомобилот на жртвата одзело гајба со рачен алат и исто така избегало“, соопшти денеска Скопското обвинителство.

    Цитроенот“ вториот осомничен го оставил во Гази Баба и се качил во „аудито“, по што продолжиле да се движат, но на тамошната улица „Стојна Стефкова“ биле пресретнати од полициски службеници. Додека другото лице управувало, сега осомничениот излегол од совозачка врата и пукал, обидувајќи се да ги лиши од живот полицајците кои сакале да го запрат. Четворицата полициски службеници во самоодбрана испукале неколку предупредувачки проектили во воздух со службеното оружје, па го совладале и привеле осомничениот. Не го раниле.

    Додека траела пукотницата, другото лице избегало и по него се трага.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, која е одобрена. Притворот е 30 дена.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира