ИНФЛУЕНСЕРОТ ЕНДРЈУ TEJT ПОВТОРНО УАПСЕН ВО РОМАНИЈА, ОВОЈПАТ ПО ОБВИНУВАЊА ЗА СЕКС СО МАЛОЛЕТНИЦИ

    ИНФЛУЕНСЕРОТ ЕНДРЈУ TEJT ПОВТОРНО УАПСЕН ВО РОМАНИЈА, ОВОЈПАТ ПО ОБВИНУВАЊА ЗА СЕКС СО МАЛОЛЕТНИЦИТејт веќе е обвинет и чека судење за силување и трговија со луѓе, но сега може да се соочи со ново судење за секс со малолетнички. (Фото: Икс)

    Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт беше повторно уапсен и ја помина ноќта во полициска станица како дел од истрага по нови обвинувања против него. Тој и неговиот брат Тристан беа однесени на испрашување од романската агенција за сериозен криминал (ДИИКОТ), додека полицијата вршеше претрес во нивниот дом.

    Тејт веќе е обвинет и чека судење за силување и трговија со луѓе, но сега може да се соочи со ново судење за секс со малолетнички, како и перење пари и влијание на сведоци, според романското обвинителство.

    Ендрју и Тристан Тејт, кои многу следбеници на социјалните мрежи, досега ги демантираа сите обвинувања.

    Според соопштението на ДИИКОТ, претрес бил извршен на четири локации во Букурешт и во Илфов. Браќата Тејт потоа биле донесени на испрашување во придружба на вооружени полицајци, со лисици на рацете.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира