ДИРЕКТОРКАТА НА ОХРИДСКО ЛЕТО НАТАША ПОПОВИЌ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    ДИРЕКТОРКАТА НА ОХРИДСКО ЛЕТО НАТАША ПОПОВИЌ ПОДНЕСЕ ОСТАВКАПоповиќ беше на функцијата изминативе шест години. (Фото: Охридско лето)

    Наташа Поповиќ, директорката на Фестивалот Охридско лето кој заврши на 20 август, денеска во Министерството за култура и туризам поднесе неотповиклива оставка поради лични причини, соопштија од Фестивалот. Поповиќ беше на функцијата изминативе шест години. Министерот за култура Зоран Љутков треба да назначи в. д. директор на најстарата музичко-сценска манифестација во земјава.

    Во нејзин мандат Фестивалот Охридско лето одбележа 60 години од постоењето во време на пандемијата со коронавирусот.

    „Посебно сум горда за високиот квалитет на програмата и успешните шест фестивалски изданија кои се позитивно оценети од стручната критика, од делегатите на Европската асоцијација на фестивали (ЕФА) кои беа тука на свечените отварања на Фестивалот, но и од нашата верна публика. Ми беше огромна чест и задоволство да работам на оваа функција со еден прекрасен тим којшто многу ми помогна за да бидам успешен директор и менаџер, тим кој е за пример и почит, не само во Охрид, туку и пошироко во државата, но и со селекторките на музичката и на драмската програма на фестивалот, Бисера Чадловска и Сања Арсовска“, кажа Поповиќ.

    Директорката годинава доби признанија од српската амбасадорка Невена Јовановиќ и од амбасадорката на САД, Анџела Агелер, како и Орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија“ од одликување од претседателот на Италија Серџо Матарела, кое ѝ го врачи амбасадорот Андреа Силвестри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира