На 69-годишна возраст, по кусо боледување, денеска почина Менде Младеновски, долгогодишен новинар и главен и одговорен уредник на „Битолски весник“ кој годинава прослави 60 години постоење. Младеновски беше долгогодишен дописник на „Нова Македонијa“, а во текот на кариерата дописник и на други весници на територијата на поранешна Југославија.
За својот работен ангажман беше добитник на повеќе новинарски награди, а во рамките на „Битолски весник“ ја организираше и манифестацијата „Избираме најуспешни битолчани“, позната уште и како битолски Оскар каде признанија добиваа најуспешните физички и правни лица во градот и државата.
Младеновски до последно се залагаше за опстанок на локалните медиуми, особено на печатените кои постепено згаснаа, како и за враќањето на дигнитетот на новинарската професија.
Ж. ЗДРАВКОВСКА