ЗЕЛЕНСКИ ГО РАЗРЕШИ КОМАНДАНТОТ НА ВОЕНОТО ВОЗДУХОПЛОВСТВО ОТКАКО УКРАИНА ГО ЗАГУБИ ПРВИОТ АВИОН Ф-16

    ЗЕЛЕНСКИ ГО РАЗРЕШИ КОМАНДАНТОТ НА ВОЕНОТО ВОЗДУХОПЛОВСТВО ОТКАКО УКРАИНА ГО ЗАГУБИ ПРВИОТ АВИОН Ф-16Украина вели дека падот на авионот не е последица на непријателски дејствија. (Фото: Икс)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти командантот на украинското воено воздухопловство по падот на еден од борбените авиони Ф-16, кои што ги доби неодамна од сојузниците.

    Зеленски не ја прецизираше причината за разрешувањето на генералот Микола Олешчук, но кажа дека тој имал одговорност да се грижи за сите војници,

    Авионот од американско производство Ф-16, еден од неколкуте испорачани на Украина претходно месецов, падна во понеделникот, убивајќи го пилотот.

    Иако се случи за време на еден од најголемите руски воздушни напади, Украина вели дека падот на авионот не е последица на непријателски дејствија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира