Десничарска партија победи на избори за покраински парламент во Германија за првпат по Втората светска војна, покажаа излезните анкети.
Гласачите во две покраини во поранешна Источна Германија јасно го изразија своето незадоволство од досегашните големи партии, ставајќи ја Алтернатива за Германија (АФД) на првото место во Тирингија, со околу 33 отсто од гласовите, и на второто место во Саксонија со 31 отсто од гласовите, според првичните резултати.
Алис Вајдел, копретседателка на АФД, кажа: „Ова е историски успех за нас. Ова е првпат да станеме најголема сила на покраински избори. Ова е реквием за коалицијата во Берлин“.
Резултатите во Тирингија и Саксонија се катастрофални за трите владејачки партии на сојузно ниво. Најголемата владејачка партија, Социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц, освои 6 отсто од гласовите во Тирингија и заврши на петтото место. Зелените и ФДП не го надминаа цензусот за да влез во покраинскиот парламент.
Најголемата опозициска партија ЦДУ победи во Саксонија, а во Тирингија заврши на второто место.
Излезноста беше високи во двете покраини, околу 74 отсто.