ЌЕ СЕ ГРАДИ КОЛЕКТОР ЗА ОТПАДНИ ВОДИ ВО ТРПЕЈЦА

    ЌЕ СЕ ГРАДИ КОЛЕКТОР ЗА ОТПАДНИ ВОДИ ВО ТРПЕЈЦАРокот за изведба на планираниот проект е 8 месеци. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Ќе се гради колектор за отпадни водо во Трпејца, одлучи Владата на денешната седница. Донесена е одлука од буџетот на Министерството за транспорт и врски да се одвојат 68 милиони денари за реализација на овој проект.

    „Рокот за изведба на планираниот проект е 8 месеци“, соопштија од Владата.

    Министерството за транспорт и врски обезбеди финансиски средства од над 53 милиони денари за изградба на водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација во повеќе општини. 21 милион денари се предвидени за изградба на атмосферска канализација на дел од улиците Илија Алексов, крак на улица 8, улица 8, улица 9 во УБ15 во општина Радовиш. Исто толку пари се предвидени за фекална и атмосферска канализација на дел од улица Кленоец, општина Охрид. Околу 11,1 милиони денари ќе се дадат за реконструкција на водоводна мрежа и реконструкција на мешовита канализациона мрежа на улиците 11 Март, Панде Николов, Козара и Чеде Филиповски-Даме, во општина Битола.

    Владата на предлог на Министерството за транспорт донесе одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на државата на Општина Велес за изградба на нова катна гаража.

    Исто така, со оглед дека се зголемени трошоците за производство на пченица, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на владина седница се донесе одлука преку интервентна програма да се додели финансиска поддршка по килограм на производителите на пченица кои продале пченица кај регистриран откупувач во висина од 3 денари по килограм предадена пченица.

    Донесена е одлука за зголемување на субвенциите на јачмен по хектар, со што од досегашните 6.000 денари, производителите на јачмен ќе добијат 100 процентно зголемување по хектар, и тоа на 12.000 денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира