ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА ЧЕТВОРИЦА ОБВИНЕТИ ЗА ИЗМАМА СО ПРОИЗВОДСТВО НА КОРНИШОНИ, КОИ ОШТЕТИЛЕ АВСТРИСКА ФИРМА ЗА 3,9 МИЛИОНИ ЕВРА

    ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА ЧЕТВОРИЦА ОБВИНЕТИ ЗА ИЗМАМА СО ПРОИЗВОДСТВО НА КОРНИШОНИ, КОИ ОШТЕТИЛЕ АВСТРИСКА ФИРМА ЗА 3,9 МИЛИОНИ ЕВРАСпоред обвинителниот акт, обвинетите со фиктивни фактури за долгови, позајмици и компензации го префрлале имотот на компанија во сопственост на сопругата на Костов, за да избегне да им ја плати штетата на Австријците во вредност од 3,8 милиони евра. (Фото: СДК.МК)

    Четворицата обвинети за измама со производство и продажба на корнишони, кои ги тужи австриска фирма, се изјаснија за невини на почетокот на судкиот процес во Основиот суд во Велес.  На Атанас Костов и Томчо Органџиев им се суди за кривично дело „Оштетување туѓи права“, бидејќи овозможиле имотот на должникот ДПТУ „Дена продукт“ ДООЕЛ да премине во сопственост на правното лице ДПТУ „Глобал Трејд ДММ“ ДООЕЛ Валандово и со тоа да ја спречат можноста за исплатување на побарувањето на доверителот – оштетената фирма „АММА“ увоз-извоз ДОО „Хоеменс“ Австрија во вкупен износ од 3,8 милиони евра. Тие делото го сториле во два наврата во 2022 и 2023.

    На нотарот Гоце Ѓураковски и извршителот Ангел Костадиновски им се суди за кривично дело „Несовесно работење во службата“, бидејќи со нивните постапки помогнале имотот да премине од едно правно лице на друго.

    Според обвинителниот акт, обвинетите со фиктивни фактури за долгови, позајмици и компензации го префрлале имотот на компанија во сопственост на сопругата на Костов, за да избегне да им ја плати штетата на Австријците во вредност од 3,8 милиони евра, потврденa од меѓународен арбитражен суд. Сопругата на Костов, Емилија Заева-Атанасова е во блиска роднинска врска, односно е прва братучетка на поранешниот премиер Зоран Заев.

    На првото рочиште сведочеше Антоан Мушле управител на фирмата „АММА“ од Австрија.

    „Соработката со Костов стана повеќе од пријателство, тој не` ословуваше со фамилија и со браќа. И таа добро се развиваше. Ние го финасиравме производството и обврската одгледаните корнишони да ги нудиме на наши странки. За ова имаме и договор од 2016 година. Во еден период од година во година, започнавме да добиваме помало количество на корнишони. Според објаснувањето на Костов, причината биле временските неприлики. Верувавме во тоа до моментот кога добивме финасиски прилив на нашата сметка од ‘Глобал трејд‘, по основ на барање од германска фирма, која се бави со конзервирање. Најверојатно, ‘Глобал трејд‘ испорачала роба која имала проблеми со квалитетот и фирмата од Германија побарала поврат на парите. Германската фирма ни е позната оти е наш клиент, но не знаевме кој е ‘Глобал трејд‘. Проверивме и видовме дека директор е Атанас Костов, нашиот пријател кој беше и менаџер управител на ‘Дена‘ со која склучивме договор за соработка и го финасиравме нејзиното производство со право на негов откуп. Сопственик на ‘Глобал трејд‘ беше Емилија Заева-Костова, неговата сопруга. Така, констатиравме дека Костов ги користи ресурсите на фирмата ‘Дена‘, со која потишавме договор за кооперација и соработка, тој го заобиколувал договорот. Сите овие списи ги добивме од имејлот на ‘Дена‘. Споредувајќи ги датумите на основање на ‘Глобал трејд‘ констатирвме дека е формирана 2016 година, истата година кога потпишавме договор за соработка со ‘Дена‘. Така, тој од почеток на соработката со нас земал пари од нас, а работел против. Го повикавме на разговор, а тој одби. Со оваа негова работе ние имаме штета од 4 милиони евра“, кажа Мушле.

    Веднаш откако се изјаснија за невини, Костов и Органџиски ја напуштија судницата и не можеа да го слушнат сведочењето на Австриецот Мушле, управител на оштетената фирма. Судењето продолжува со сослушување на Мушле од страна на одбраната. Во судницата имаше претставници на амбасадата на Австрија, кои го следат судскиот процес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира