Олимписката маратонка Ребека Чептегеи почина неколку дена откако поранешното момче ја полеа со бензин и ја запали, објавија властите на Уганда. Триесет и тригодишната Чептегеи, која настапи на Олимписките игри во Париз, се здобила со изгореници на 80% од телото по нападот, кој се случи во неделата во Кенија, каде што таа живееше и тренираше.
Властите кажаа дека таа била нападната додека се враќала дома од црква, додавајќи дека имала спор со бившото момче за парче земјиште. Чептегеи тука сакала да изгради куќа за да биде во близина на многуте тренинг-центри во Кенија.
И напаѓачот бил примен во болница, но со далеку помали изгореници. Тој е сместен на интензивна нега, но неговата состојба се опишува како стабилна и подобрена.
Чептегеи заврши на 44. место на олимпискиот маратон.