НАЈСЛАБАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СВЕТОТ САН МАРИНО ПОБЕДИ ПРВПАТ ПО 20 ГОДИНИ

    НАЈСЛАБАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СВЕТОТ САН МАРИНО ПОБЕДИ ПРВПАТ ПО 20 ГОДИНИСан Марино ја прекина најдолгата низа без победа во историјата на фудбалот, која траеше 140 натпревари (Фото: Гети)

    Сан Марино, најслабата фудбалска репрезентација на светот, ја забележа првата победа по 20 години пауза откако го совлада Лихтенштајн со 1:0 на стартот на новата сезона во Лигата на нации. Стрелец на единствениот гол за историската победа беше Нико Сансоли во 53. минута.

    Ова е првата победа на Сан Марино на меч од натпреварувачки карактер. Победата остварена во април 2004, исто така против Лихтенштајн, беше на пријателски натпревар.

    Сан Марино ја прекина најдолгата низа без победа во историјата на фудбалот, која траеше две децении и 140 натпревари. Оваа репрезентација досега има изгубено 196 од одиграните 206 мечеви и цврсто го држи последното, 210. место на ранг-листата на ФИФА.

    Сан Марино има само 33.000 жители и се простира на површина од 61 квадратен километар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира