САД ВЕЛАТ ДЕКА ИРАН ИСПОРАЧАЛ БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛИ ВО РУСИЈА

    САД ВЕЛАТ ДЕКА ИРАН ИСПОРАЧАЛ БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛИ ВО РУСИЈАИран наводно обучува десетици руски војници за ракување со ракетните системи „фат-360“ (Фото: Тасним)

    САД ги информирале своите сојузници дека Иран најверојатно префрлил балистички проектили со краток дострел во Русија за да се користат во војната во Украина, изјавија два добро информирани извора. Тие не кажале кога и колку оружје било префрлено, но ги потврдиле сознанијата на американското разузнавање.

    Белата куќа одби да го потврди ова, но повтори дека е загрижена за продлабочувањето на иранската поддршка за Русија. Вашингтон со месеци го предупредува Иран да не ѝ дава балистички проектили на Русија.

    Секој ваков трансфер ќе значи драматична ескалација на иранската поддршка за руската агресија врз Украина“, кажа Белата куќа.

    Иран уште од есента 2022 ја помага руската војска со дроновите „шахид“, кои играат значајна улога во војната во Украина.

    Европски разузнавачи минатиот месец кажаа дека Иран обучува десетици руски војници за ракување со ракетните системи „фат-360“ и дека во скоро време се очекува испорака на илјадници вакви проектили, кои имаат дострел до 120 километри и носат боева глава од 150 килограми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира