Основното Јавно обвинителство (ОЈО) од Струмица отвори истрага за вчерашниот грабеж во продавница во Ново Село, при што брачен пар беше ранет со пиштол. Напаѓачот кој беше совладан и фатен на лице место, 45-годишниот Д. С. од Долно Лакочереј, Охридско, на барање на Обвинителството, а одборено од судија на претходна постапка при Струмичкиот суд, доби 30-дневен притвор.
Како што соопштиј ОЈО Струмица, против лицето се поднесени три кривични пријави и тоа за Разбојништво, Обид за убиство и за Недозволено држање на оружје и распрскувачки материи.
Вчера околу 2 часот, разбојникот носејќи пиштол влегол во продавница во Ново Село со намера да ја ограби. Како што соопшти полицијата, тој со пиштол пукал во брачниот пар. Мажот, иако повреден во ногата, успеал да го совлада разбојникот кој носел пиштол и да го задржи до доаѓањето на полицијата. Сопружните биле префрлени во Струмичката болница, а при увидот биле пронајдени пиштолот и чаурите од пукањето.
Блиски на семејството на повредните и очевидци велат дека жената добила прострелна рана во стомакот и била префрлена на скопските клиники, а мажот во ногата и бил задржан во Струмичката болница.