РОК ЅВЕЗДАТА ЏОН БОН ЏОВИ СПРЕЧИ ЖЕНА ДА СЕ ФРЛИ ОД МОСТ ВО ТЕНЕСИ

    РОК ЅВЕЗДАТА ЏОН БОН ЏОВИ СПРЕЧИ ЖЕНА ДА СЕ ФРЛИ ОД МОСТ ВО ТЕНЕСИПолицијата на Нешвил објави видео од Бон Џови и неговиот тим кои биле на пешачкиот мост кога жената стоела несигурно над реката Камберленд. (Фото: Принтскрин од видео)

    Рок легендата Џон Бон Џови е пофален од полицијата за тоа што ѝ помогнал на растревожена жена која стоела на работ од мост во Нешвил, Тенеси. Полицијата на Нешвил објави видео од Бон Џови и неговиот тим кои биле на пешачкиот мост кога жената стоела несигурно над реката Камберленд. Бон Џови (62) и други разговарале со жената и ѝ помогнале да се врати на мостот, соопшти полицијата.

    „Сите треба да си помагаме меѓусебно за да бидеме безбедни“, рече началникот на полицијата.

    На видеото што го објави полицијата, може да се види жена во сино како се држи за оградата додека стои на работ на мостот.  По околу една минута, Бон Џови оди до жената и со помош на друга жена, ја враќаат на пешачката патека на мостот. Други луѓе се приближуваат откако жената е безбедна и Бон Џови ја прегрнува.
    Неколку минути подоцна на снимката на полицијата се гледа како Бон Џови со неа заминува од мостот.

    Бон Џови е во Нешвил и снима музичко видео на мостот, според други снимки објавени на социјалните мрежи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира