Пекарот Николче Малинов и годинава како донација на 16. Штипска пастрмајлијада ќе приготви џиновска пастрмалија долга два метри и широка 1,20 метри.
Таа ќе се сече на отворањето на манифестацијата, што ќе се случи точно наппадне на 20 септември во центарот на Штип, каде што годинава е новата локација за оваа манифестација.
„Нашите капацитети се толкави и ние се гордееме што повторно ќе направиме џиновска пастрмалија која ќе биде со ланските димензии. Ќе се состои со 30 килограми тесто и 15 килограми месо и ќе се пече во нашите фурни на 300 степени. Сите градови велат дека нивната пастрмалија е најдобра, но ние велиме дека штипската можеби не е најдобра, но за подобра од нашата луѓето не знаат, бидејќи е посебна“, вели Малинов, сопственик на пекарницата „Штипски сокак“.
Тој додава дека квалитетот на специјалитетот зависи од начинот на подготвувањето на тестото, какво месо ќе се одбере и какви зачини ќе се додадат и плус како пекарот ќе ја испече во загреаната фурна.
Т. ЈОВАНОВСКИ