УЛИЦИТЕ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ И „СТРАШО ПИНЏУР“ ВО ВЕЛЕС СТАНАА ДВОНАСОЧНИ ЗА ДА СЕ ДОБИЕ ДОЗВОЛА ЗА ИЗГРАДБА НА ПОДЗЕМНА ГАРАЖА

    УЛИЦИТЕ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ И „СТРАШО ПИНЏУР“ ВО ВЕЛЕС СТАНАА ДВОНАСОЧНИ ЗА ДА СЕ ДОБИЕ ДОЗВОЛА ЗА ИЗГРАДБА НА ПОДЗЕМНА ГАРАЖАВлезот и излезот на планираниот подземен паркинг во Велес (Фото:СДК.МК)

    Многу реакции кај граѓаните на Велес предизвика бележењето на сообраќајната и хоризонтална сигнализација на двете улици од центарот на градот, „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“, паралелни на улицата „8 Септември“. Преку нив треба да се одвива сообраќајот во две насоки, кога следната година од јуни, јули и август, главната улица временски, навечер, ќе биде затворена за сообраќај.

    „За да имаме дозвола за подземната гаража мора да има влез и излез во неа. За да имаме согласност од полицијата, мораме да имаме влез и излез од паркинг-просторот и затоа таа улица и другата се двонасочни. Ако останеа еднонасочни, ќе немаше влез и излез и немаше да добиеме согласност за изградба на подземна гаража. Не можевме да добиеме одобрение за градба, за подземна гаража“, вели градоначалникот Марко Колев, објаснувајќи зошто уште сега овие две улици се прават двонасочни, иако не е лето и „8 Септември“ не е затворена за сообраќај.

    Новото сообраќајно решение за централното градско подарчје скоро една година предизвикува реакции во јавноста. Поради лошите решенија, кои проектантот не ги предвидел, ниту ревизијата ги констатирала, проектот во текот на изведбата неколку пати се менуваше. Влезот и излезот за кој Колев зборува се дел од решението за подземна гаража со уредување на плоштадот, за кој Општина Велес за аплцираше за средства од Владата, преку Министеството за локална самоуправа.

    „Дали ми се допаѓа ова решение, не ми се допаѓа, дали мора да биде така, мора. Но, имаме тоа што е потребно, влез и излез на една сообраќајна лента, за подземна гаража“, рече Колев.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира