КИНА ЛАНСИРАШЕ ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛЕН ПРОЕКТИЛ ЗА ПРВПАТ ОД 1980

    КИНА ЛАНСИРАШЕ ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛЕН ПРОЕКТИЛ ЗА ПРВПАТ ОД 1980Типот на проектилот и патеката на неговото движење не се познати (Фото: Гети)

    Кина објави дека успешно лансирала интерконтинентална балистичка ракета со лажна боева глава, која паднала во Тихиот Океан. Иако кинеското министерство за одбрана кажа дека лансирањето било рутинско и дел од годишен тренинг, ова всушност е прв ваков тест од 1980 година.

    Типот на проектилот и патеката на неговото движење не се познати, а Кина кажа дека однапред ги известила сите држави кои би можеле да бидат загрижени.

    Кина вообичаено го тестира нуклеарното оружје на своја територија и се верува дека ова е првпат од 1980 година да лансира интерконтинентална балистичка ракета во меѓународните води.

    Кина вообичаено спроведува вакви тестови во својот воздушен простор. Ова е крајно необичено, првпат по неколку децении видовме ваков тест. Уште почудно е што тестирањето е опишано како рутинско и годишно, имајќи предвид дека Кина не го прави ова ни рутински, ни секоја година“, изјави Анкит Панда, специјалист за нуклеарно оружје во фондацијата за меѓународен мир „Карнеги“.

    Последен пат кога Кина извела ваков тест, во мај 1980, тоа вклучило и 18 брода на кинеската морнарица, што и денес се смета за една од најголемите кинески поморски мисии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира