РЕСТОРАН ПОСВЕТЕН НА ЏОРЏА МЕЛОНИ СЕ ОТВОРИ БЛИЗУ КАМПОТ ВО АЛБАНИЈА ШТО ЌЕ ПРИМА БЕГАЛЦИ ОД ИТАЛИЈА

    РЕСТОРАН ПОСВЕТЕН НА ЏОРЏА МЕЛОНИ СЕ ОТВОРИ БЛИЗУ КАМПОТ ВО АЛБАНИЈА ШТО ЌЕ ПРИМА БЕГАЛЦИ ОД ИТАЛИЈАОбјектот е опремен со 70 портрети на Мелони (Фото: АФП)

    Ресторан посветен на италијанската премиерка Џорџа Мелони се отвори близу кампот во Албанија каде што ќе бидат сместени илјадници баратели на азил како дел од контроверзниот договор помеѓу Италија и Албанија.

    Ресторанот за морска храна „Траторија Мелони“ во северното пристаниште Свети Јован (Шенѓин) го отвори Ѓерѓ Лука, ресторатер кој е близок со албанскиот премиер Еди Рама. Објектот е опремен со 70 портрети на Мелони, чија десничарска партија Браќа на Италија ја предводи владејачката коалиција во Италија.

    Кога ќе ги споите храната, уметноста и политиката, можете да направите прекрасни нешта“, изјави Лука.

    Сите портрети се насликани од познатиот албански уметник Хелидон Халити.

    Мелони и Рама првпат го претставија својот план за бегалците во лето 2023 и тој потоа доби поддршка од ЕУ. Мелони го посети центарот во Свети Јован во јуни, пред да биде отворен ресторанот. Според планот, мажите кои италијанската крајбрежна стража ќе ги пресретнува при преминувањето на Средоземното Море од северна Африка ќе бидат префрлени во Албанија. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира