ШЕСТ ПРЕТСТАВИ ОД РЕГИОНОТ ЌЕ ИГРААТ НА ФЕСТИВАЛОТ РУТА ВО СКОПСКИОТ ДРАМСКИ ТЕАТАР ОД 15 ДО 20 ОКТОМВРИ

    ШЕСТ ПРЕТСТАВИ ОД РЕГИОНОТ ЌЕ ИГРААТ НА ФЕСТИВАЛОТ РУТА ВО СКОПСКИОТ ДРАМСКИ ТЕАТАР ОД 15 ДО 20 ОКТОМВРИХрватските актери Бојана Грегориќ-Вејзовиќ и Дени Станковиќ во сцена од претставата „Опера од три гроша“. (Фото: Театар Улисис)

    Шест претстави ќе се изведат на меѓународниот театарскиот фестивал РУТА во Драмски театар во Скопје, кој ќе се одржи од 15 до 20 октомври, најави денеска директорот Роберт Вељановски. Станува збор за фестивал на Регионалната унија на театри – РУТА во која членуваат Београдско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, театар Улисис од Загреб, Месно гледалишче Љубљана, Градско позориште Подгорица и Драмски театар. Фестивалот е основан во 2019 и е одржува на секои два месеца во еден од шесте театарски центри.

    Фестивалот отвора на 15 октомври со претставата на Драмски, „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов.

    На 16 октомври е најавена претставата „Опера за три гроша“ од писателот Бертолд Брехт и композиторот Курт Веил, во режија на Ленка Удовички и ансамблите на театар Улисис и Градски драмски театар Гавела од Загреб.

    Камерни театар 55 од Сараево на 17 октомври доаѓа со претставата „Целосно странци“ работена според истоимениот филм на италијанскиот режисер Паоло Ѓеновезе. Режијата е на Лајла Каикчија.

    Инспирирани од филмскиот класик „Сцени од брачниот живот“ на Ингмар Бергман, авторката Драгана Трипковиќ и режисерот Данило Маруновиќ ја поставија претставата „Мислам дека треба да разговараме“, со која на 18 октомври ќе се претстави ансамблот на Градско позориште Подгорица.

    Београдско драмско доаѓа со претставата „Швејк“, работена по сатиричниот роман на чешкиот писател Јарослав Хашек. Режисер е Вељко Миќуновиќ.

    Годинашново трето издание на РУТА во Драмски театар на 20 октомври го затвора претставата „Иднина“ на словенечкиот режисер Жига Дивјак, работена во копродукција на Местно гледалишче Љубљана и Београдско драмско позориште.

    Има различни цени на билети за претставите и на пакети, а за студенти има 50 отсто попуст на сите цени. Продажбата на билетите почнува денес  на билетарницата на Драмски, секој ден од 14:30 до 20:30 часот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира