ПОВТОРНО РЕСТРИКЦИИ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО ТЕТОВО ПОРАДИ ЗАМАТЕНОСТ ВО ВОДОВОДНИОТ СИСТЕМ ЛЕШНИЦА

    ПОВТОРНО РЕСТРИКЦИИ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО ТЕТОВО ПОРАДИ ЗАМАТЕНОСТ ВО ВОДОВОДНИОТ СИСТЕМ ЛЕШНИЦАДо решавање на проблемот ќе се воведат рестрикции во периодот од 13 до 15 часот. (Фото: СДК.МК)

    Од денес, од 13 до 15 часот се воведува рестрикција на водоснабдувањето во Тетово. Обилните дожд кој вчера паѓаше во Тетово ја замати реката Пека од каде од месноста Лешница во овој период од годината се врши дополнително снабдување со вода за пиење. На заматената вода реагирала заштитата од филтер-станицата, по што овој водотек е исклучен од водоводната мрежа на Тетово до избистрување на водата. Сега Тетово се снабдува само од шарските извори, но таа количина вода не е доволна за нормално снабдување на градот.

    „Водоснабдувањето на градот Тетово е намалено и моментално издашноста на изворите е 162 литри. Поради ова, до решавање на проблемот ќе се воведат рестрикции во периодот од 13:00 до 15:00 часот, соопшти ЈП „Шар“.

    За нормално снабдување на градот со вода за пиење потребни се 350 до 400 литри во секунда.

    Од ЈП „Шар“ велат дека заедно со општинскиот инспекторат и СВР Тетово откриле оти приватна компанија на булевар Видое Смилевски-Бато (Индустриска) нелегално се приклучила на водоснабдителниот систем, за што ќе ѝ поднесат тужба.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира