КЕНИЈЦИТЕ ХИЛАРИ ЧЕМВОНО И ИРИНЕ ЏЕРУТО ПОБЕДИЈА НА 20. СКОПСКИ МАРАТОН

    КЕНИЈЦИТЕ ХИЛАРИ ЧЕМВОНО И ИРИНЕ ЏЕРУТО ПОБЕДИЈА НА 20. СКОПСКИ МАРАТОНЧемвоно истрча 42 км за два часа, 13 минути и 27 секунди, а Џеруто за 2 часа, 37 минути и 52 секунди. (Фото: К. Попов)

    Кенијците Хилари Чемвоно во машка и  Ирине Џеруто во женска конкуренција победија на годинашниот 20. Скопски маратон. Чемвоно истрча 42 км за два часа, 13 минути и 27 секунди, а Џеруто за 2 часа, 37 минути и 52 секунди.

    Кај мажите Кениецот Даниел Кипротич го освои второто место, а трет е најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски. Во женска конкуренција втора е најдобрата македонска маратонка Адријана Поп Арсова, а трета беше Вивијан Џелагат од Кенија.

    На полумаратонска трка на 21 км кај мажите доминираа натпреварувачите од Турција. На прво место е Џан Хусеин, второто место го освои Емектар Мурат, а трет беше Гедиклиоглу Абдурахман. Најдобар македонски натпреварувач на полумаратонската трка беше Иван Пешовски кој заврши на шесто место.

    Во женска конкуренција, на полумаратонската трка победи Милица Мирчева од Бугарија. Греша Бакрачи од Албанија беше втора, а трета Јулие Ларсен од Норвешка.

    На маратонот трчаа рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји.

    Главен покровител на маратонот е Министерството за спорт, заедно со Град Скопје и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира