НА ВЕЛЕШКАТА ПИТИЈАДА ЌЕ СЕ СЕЧЕ ПАСТРМАЛИЈА ДОЛГА НАД 4 МЕТРИ, ПАРИТЕ ОД ПРОДАЖБАТА ЌЕ ОДАТ ВО ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ

    НА ВЕЛЕШКАТА ПИТИЈАДА ЌЕ СЕ СЕЧЕ ПАСТРМАЛИЈА ДОЛГА НАД 4 МЕТРИ, ПАРИТЕ ОД ПРОДАЖБАТА ЌЕ ОДАТ ВО ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИЛанската пита беше направена со 23 кила тесто, 25 кила месо и 210 јајца. (Фото: СДК.МК)

    Утре попладне, пред започнувањето на музичкиот дел на Питијадата во Велес, ќе се пресече џиновска пита пастрамлија. Продажбата на парчињата е од хуманитарен карактер.

    „Пекарницата која ја подготвува има капацитет годинашнава пита да биде поголема од ланската, така најавија и ветија дека ќе ја изработат“, кажа Александра Иванова од организацијата на Питијадата.

    Најголемата пита досега беше подготвена лани. Долга 4,10 метри, таа се подготвувала пет часа, во изработката на 23 килограми тесто биле искористени 15 килограми брашно, 25 килограми месо и 210 јајца, а ја подготвувале седуммина мајстори.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира