ТАЖЕН СУМ ШТО НАШИТЕ БРАЌА ОД МАКЕДОНИЈА НЕ УСПЕАЈА ДА ВЛЕЗАТ ВО ОВАА ФАЗА, КАЖА РАМА НА ОТВОРАЊЕТО НА ПРВИОТ КЛАСТЕР ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

    ТАЖЕН СУМ ШТО НАШИТЕ БРАЌА ОД МАКЕДОНИЈА НЕ УСПЕАЈА ДА ВЛЕЗАТ ВО ОВАА ФАЗА, КАЖА РАМА НА ОТВОРАЊЕТО НА ПРВИОТ КЛАСТЕР ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУАлбанија им се приклучи на Црна Гора и Србија како трета земја од Западен Балкан, која ги отворила преговарачките кластери со ЕУ. (Фото: СДК.МК)

    Албанија го отвори првиот кластер, кој се состои од пет преговарачки поглавја, со Европската унија на денешната меѓувладина конференција. Албанија формално ги отвори пристапните преговори со ЕУ, заедно со Македонија во јули 2022 година, но Македонија остана блокирана поради условот да се внесат Бугарите во Уставот.

    На прес-конференција во Брисел, албанскиот премиер Еди Рама кажа дека е тажен поради тоа што Македонија не продолжи со преговорите.

    „Се чувствуваме тажни и стотици пати кажувам дека нашите браќа од Македонија сѐ уште не успеале да влезат во оваа фаза од процесот, иако беа први. Се чувствувам малку засрамено што треба да размислувам за понижувањето на Северна Македонија која го смени и името. Различните ставови за тоа која била мајка на народниот херој и со кого водела љубов, дали биле поврзани кога решиле да водат љубов, се многу интересни теми за историчарите, но мислам дека не се дел од сето она што нѐ поврзува да станеме дел од ЕУ. За нас и за мене, достигнувањето на ЕУ е да научиме да го гледаме патот со очите на иднината“, кажа Рама.

    Албанија им се приклучи на Црна Гора и Србија како трета земја од Западен Балкан, која ги отворила преговарачките кластери со ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира